Вила со површина од над 1800 квадратни метри многу брзо може да стане најскапата во светот, бидејќи се предвидува дека ќе се продаде на аукција за минимум 160 милиони долари.
Вилата„Фиренце“, која е лоцирана во Калифорнија, САД, располага со повеќе од 9 хектари во Беверли Хилс.
Оваа вила има 13 спални соби и 25 тоалети и три посебни објекти за гости.
Исто така, оној што ќе го купи, ќе биде комшија на ликовите како Род Стјуарт, Дензел Вашингтон и Силвестер Сталоне.
