13.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Нападната Лепа Брена – “Не личиш на себе..”

Пејачката Лепа Брена (60) во 2020 година, како и мниогу свои колеги, скокањата на сцена ги ставила на чекање. Секако причината е пандемија на корона вирус.

Почетокот на декември со својот сопруг Бобо Живојиновиќ (57) порославила 29 години брак. На социјалните мрежи бројни симпатизери и обожователи и посакале се најдобро во брачниот живот и да ги служи здравје и среќа.

Деновиве гостувала во новогодишна програма во специјал на Ѕвездите на Гранд, каде што пеела неколку нејзини хитови, а потоа рекла како во своите сеќања ја избришала 2020 година.

– 40 години сум на сцена, бев преморена од се, но можеби 2020 ми донесе некои нови сознанија, малку повеќе се посветив на себе и семејството. Сите ние кои работиме на празници да ги развеселиме луѓето, немаме слободни денови, немаме ништо одредено. Нашиот турболентен живот остава последици на биолошкиот ритам. Прв пат ми се случи дека отидов на спиење во 22 часот а се разбудив во 6 часот, кога вообичаено одев на спиење. Зајакнав и видов каде сум грешела – рекла Брена.

Им ја честитала на сите 2021 година и им посакала се најдобро, а на својот Инстаграм објавила неколку фотографии кои ги потикнала следбениците на дискусија.

Некои заклучиле дека Брена го “освежила“ лицето бидејќи изгледа многу младолико.

– Фризурата баш добро ти стои, но лицето… малку си се испеглала – и напишала една пријателка, додека друга ја прашала:

– Што правиш со лицето? Не личиш на себе!

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести