8.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Конгресот ја потврди победата на Бајден – Трамп мирно ќе ја предаде функцијата

Конгресот на САД ја потврди победата на Џо Бајден на американските претседателски избори, ден откако толпата поддржувачи на Доналд Трамп упадна во зградата во Капитол, со цел да ја спречи сесијата.

Американскиот претседател Доналд Трамп вети мирно предавање на власта откако Конгресот потврди дека Џо Бајден е победник на претседателските избори.

https://twitter.com/DanScavino/status/1347103016311259136?s=19

„Иако целосно не се согласувам со изборните резултати, а фактите ме поддржуваат во тоа, на 20 јануари ќе има мирно предавање на власта“, вели Трамп, не пропуштајќи да ги повтори обвинувањата за изборни измами:

„Јас секогаш велев дека ќе продолжиме да се бориме со цел да се осигураме дека се бројат само легалните гласови. Со ова се става крај на најголемиот прв мандат во историјата на претседателствата на САД, но е само почеток на нашата борба да ја направиме Америка повторно голема“, се наведува во соопштението на Трамп.

Претходно, „Фејсбук“ и „Твитер“ избришаа неколку објави на Трамп во кои, откако неговите приврзаници упаднаа во Конгресот, тој ги повтори тврдењата за украдени избори, ја нарече толпата големи патриоти и напиша дека ги сака.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести