Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

МОДЕРНА ТВРДИ: Нашата вакцина ќе штити 2 години!

Вакцината на „Модерна“ најверојатно ќе може да обезбеди заштита до две години, изјави денеска Стефан Бансел, извршен директор на таа фармацевтска компанија од Кембриџ, во американската држава Масачусетс.

Американската компанија, која минатата година го изненади светот правејќи вакцина за само неколку недели, вчера доби дозвола за употреба во Европската унија од европското регулаторно тело.

– Кошмарното сценарио што се провлекуваше низ медиумите пролетта беше дека вакцината ќе трае само еден месец или два. Мислам дека сега тоа не е доведено во прашање. Падот на антителата оди многу бавно по примањето на вакцината. Веруваме дека заштитата ќе трае најмалку две години, рече Бансел.

Тој додаде дека неговата компанија ќе докаже дека вакцината ќе биде подеднакво ефикасна и против јужноафриканските и англиските видови, со што се согласуваат и независните научници.

најчитани вести

Забава

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ за време на гостувањето во една ТВ – емисија изјави дека во овој момент би се омажила само за рускиот...

Македонија

Да биде јасно: Предлог законот за попис е пример за регулирање на политички попис, во сите негови фази. Политичкиот попис кој арогантно се најавува...

Македонија

Многу е едноставно, или Мицкоски ќе си оди во наредните два-три месеци или Мицкоски ќе остане запаметен како последниот лидер на ВМРО. Пишува Никола...

Забава

Ана Кораќ е позната по тоа што сака да се појавува во жешки изданија на социјалните мрежжи. Поранешната учесничка во реалити шоуто Задруга се...