Празниците и годишните одмори се периодите кога најмногу работат крадците низ Македонија. Таквата ситуација решиле да ја искористат двајца 28 годишници во Скопје, но за нивна несреќа, а за среќа на оштетените, полицијата успеала да ги фати.
МВР соопшти дека приведени се двајца крадци кои краделе во куќа за Бадник во Скопје.
– Полициски службеници од СВР Скопје на 06.01.2021 ги приведоа А.К. (28) и М.К. (28) од Скопје кои истиот ден во 17.50 часот извршиле тешка кражба во куќа на бул Партизански одреди. Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности и сторителите се приведени и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена содветна пријава, потенцираат од МВР