5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Фаучи со убави вести – НА ЕСЕН ЌЕ ЖИВЕЕМЕ ПОНОРМАЛНО

Водечкиот имунолог во САД, Ентони Фаучи, предвидува дека животот во САД може да започне да се враќа во нормала на почетокот на есента, но само под услов вакцинацијата да се изврши што е можно побрзо.

Фаучи се надева дека до есен може да се вакцинираат 280. милиони луѓе во Америка, со што ќе се постигне колективен имунитет.

Тој додаде дека доколку вакцинацијата започне со забрзано темпо, првите резултати може да се видат на пролет, но предвидува уште неколку тешки недели поради новогодишните празници.

Бавното темпо на вакцинација има фрустрирачки ефект врз здравствените власти и од страна на луѓето кои со нетрпение ја чекаат вакцината, а само една третина од планираниот контингент вакцини стигна до американските сојузни држави, три недели по почетокот на кампањата.

„Кога и да започнете голема програма, секогаш има проблеми. Мислам дека овие проблеми се решени сега“, изјавил Фаучи за медиумите.

Вакцинацијата полека се забрзува, а околу половина милион Американци дневно ја примаат вакцината.

„Сега кога завршија празниците, можеме да вакцинираме милион луѓе на ден, ако не и повеќе“, додал Фаучи.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести