10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Легендата на рап музиката, д-р Дре неодамна беше итно хоспитализиран како резултат на сериозен проблем со мозокот

Легендата на рап музиката, д-р Дре неодамна беше итно хоспитализиран како резултат на сериозен проблем со мозокот.

Според „TMZ“, 55-годишниот продуцент е хоспитализиран во понеделникот во „Sinai Medical Center“ во Лос Анџелес. Се дознава дека раперот страда од церебрална аневризма, што е болест на крвните садови на мозокот, чие пукање може да предизвика крварење со многу сериозни последици по живот па дури и фатални.

Сепак, се чини дека тој е во стабилна здравствена состојба откако е хоспитализиран, бидејќи преку објава на социјалните мрежи објави дека се чувствува добро и му се заблагодари на медицинскиот персонал кој се грижеше за него.

„Добро сум и медицинскиот персонал добро се грижи за мене. Наскоро ќе излезам од болница и ќе се вратам дома здрав. Голема благодарност до целиот стручен медицински персонал во „Cedars“. Љубов за сите! “

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести