Не престанува да се тресе тлото во средишниот дел на Хрватска, кај Петриња.
Нешто по 18 часот, нов земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди истото подрачје, кое пред една недела го погоди силен земјотрес со магнитуда од 6,3 степени, при што загинаа 7 лица.
Потресот траел десетина секунди, а некои информации велат дека бил со 5,5 степени.
Земјотресот бил почувствуван и во Словенија и во БИХ.