Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

ИМАТЕ ЛОШИ НАВИКИ?! Еве колку време ви е потребно да се откажете од нив

Луѓето имаат десетици навики кои се дел од нивната секојдневна рутина, како на пример миење заби, пиење на прво утринско кафе, попладневна дремка и т.н. Некои се одлични, а многу од нив и не се баш, а ние постојано ветуваме дека ќе се ослободиме од нив. Но, колку време треба да се ослободиме од нив или да усвоиме нови?

Современите технологии ни понудија еден куп апликации кои треба да ни помогнат да прифатиме подобри навики, но многу од нив тргнуваат од претпоставката дека за тоа ни требаат само 21 ден.

Овој број денови наводно бил востановен од пластичниот хирург Максвел Малц, кој открил дека на неговите пациенти им биле потребни околу 21 ден да се навикнат на нивните нови лица. Сепак, според некои други научни студии, времето потребно за стекнување нови навики не е толку јасно дефинирано.

Истражувачи од Универзитетскиот колеџ во Лондон испитувале стекнување нови навики кај 96 субјекти во интервали од 12 недели и откриле дека просечното време потребно за одржување на нови навики е всушност 66 дена. Односно, времето варирало од 18 до неверојатни 254 дена.

Пораката на ова истражување е дека ќе ви требаат најмалку два месеца ако сакате да зајакнете нова навика и не треба да очајувате ако не се случи чудо за три недели – за повеќето луѓе тоа едноставно не е доволно. Треба да исраете доволно долго и на крајот ќе се навикнете.

Се покажа дека овие две работи – стекнување нови и ослободување од старите навики – се тесно поврзани

Како што објаснува психологот Тимоти Пихил, ова се двете страни на истата паричка: „За да се ослободиме од некоја навика, тоа значи дека треба да воспоставиме нова навика. Старата навика или модел на реакција сè уште е присутна (нервните патишта сè уште се во мозокот), но тие се помалку доминантни (помалку моќни).

„Многу е полесно да се започне нешто ново отколку да се откаже од навика без да се замени со нова форма на однесување“, вели неврологот Елиот Беркман.

„Тоа е една од причините зошто помагалата за откажување од пушење, како што се никотинските гуми за џвакање или електронските цигари, се поефикасни од лепенките за никотин.

Експертите се согласуваат дека не постои типична временска рамка за напуштање на навика, а вистинскиот рецепт е комбинација на црти на личноста, мотивација, околности и за која навика станува збор.

„Луѓето кои сакаат да се ослободат од една навика затоа што е во спротивност со нивните лични вредности, ќе можат побрзо да го променат однесувањето од оние што го прават тоа поради надворешен притисок“, додаде Беркман

Според професорката по психологија Сузан Краус Витборн, некои навики можат брзо да се променат: „Во екстремни случаи, некои навики веднаш се кршат. На пример, ако сериозно се разболите и чадот од цигари започне да ви пречи многу или ако за малку избегнете да ве удри автобус затоа што шетавте по улица и пишувавте порака на вашиот телефон “.

Но, во повеќето случаи, повлекувањето ќе трае многу подолго и треба да се подготвите најмалку два месеци.

За успешно да се ослободите од некои навики, треба внимателно да размислите за најсилните мотиви што ве тераат да го сторите тоа и кои ќе ве натераат да издржите до крај.

Размислете што би можеле да направите за да ја замените таа несакана навика, но проверете дали замената е добра – замена на цигари со закуски, стапица во која многумина запаѓаат, секако не е најдобриот избор.

И бидете трпеливи, бидејќи колку подолго имате навика, толку повеќе време ќе ви треба за да се ослободите од неа.

„Долгогодишните навики се буквално втемелени на невролошко ниво и се многу моќни детерминанти на однесувањето“, објаснува Беркман. „Добрата вест е дека луѓето скоро секогаш се во состојба да направат нешто друго кога ќе станат свесни за таа навика и ќе бидат доволно мотивирани да се променат.

најчитани вести

Забава

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ за време на гостувањето во една ТВ – емисија изјави дека во овој момент би се омажила само за рускиот...

Свет

Глад доведе до смрт на 200.000 луѓе само во Европа, а немири избувнаа во Велика Британија и Франција, додека магацините со храна беа ограбени....

Забава

Српската пејачка Јелена Карлеуша многумина ценејќи по тоа што ја гледаат по ТВ екраните, ја доживуваат како многу арогантна и сурова личност, но оние кои приватно...

Балкан

Повозрасните генерации сигурно се сеќаваат на Југославија, во која се произведуваше сè што може да замислите, а многумина ќе кажат дека тогаш бил подобар...