21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

СТРАШНО: Грчки државјанин загинал на патот Прилеп – Градско откако излетал од патот со автомобилот

Грчки државјанин загинал на патот Прилеп – Градско откако излетал од патот со автомобилот.

Како што соопштија од МВР тој бил пренесен во болницата во Прилеп, но им подлегнал на повредите.

– На 04.01.2021 во 13.30 часот на патот Прилеп – Градско, во близина на с.Тројаци, патничко возило „нисан“, со грчки национални ознаки, управувано од А.Л.(69) од Република Грција, излетало од патот. По незгодата, А.Л. бил пренесен во Здравствен дом „Борка Талески“ во Прилеп, но по кратко време починал. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, соопштија од МВР

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести