20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

СТРАШНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО КОСОВО – ПОВРЕДЕНИ НАЈМАЛКУ 42 ЛИЦА (фото/видео)

Најмалку 42 лица се повредени во силна експлозија во кафуле во Урошевац (Феризај), потврди локалниот обвинител Шукри Јашари. Причината за експлозијата е непозната. Меѓу повредените има и две деца. Четири лица се во тешка здравствена состојба.

Мајорот Ќазим Река изјави дека досега бројот на повредени од експлозијата достигна 42.

Директорот на болницата во Урошевац, Јетон Зеќири, рече дека 22 лица повредени во експлозијата се згрижени во таа институција, како и дека 9 мина се пренесени во клиничкиот центар во Приштина поради сериозноста на повредите.

На местото на експлозијата има голем број припадници на полицијата, пожарникари и екипи на Брза помош.

Според првичните информации причината за силната експлозија е плинска боца од кафуле.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести