Фотографијата на Мис на Србија и Мис на Хрватска е направена во првите децении на 20 век, a bеше прикажанa во Белград како дел од патувачката изложба „Градови во движење – пост-османлиско наследство“ од проф. Д-р Наташа Мишковиќ, но вниманието на јавноста го привлече дури кога се појави на социјалните мрежи
Девојките се облечени во народна носија и се далеку од изгледот според облеката на денешните. Сепак, повеќето од оние кои ја коментираа фотографијата изјавија дека поимот женственост воопшто не се променил од тогаш.
Идејата на изложбата е да се следи развојот на државите што се појавија на остатоците од Отоманската империја преку фото-материјал земен од југословенски и турски дневни весници од дваесеттите и триесеттите години на минатиот век, пренесува Historical Entertainer.

Оваа фотографија беше само една од оние на кои авторот на изложбата им го претстави секојдневниот живот на луѓето од Белград, Сараево, Истанбул и Анкара во првите децении на 20 век преку леќите на фоторепортерот.