Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

СЛУЧАЈНО ОТКРИЛ ОСТРОВ НА ДУХОВИ – Тука се криела мрачна тајна (фото/видео)

Google Maps е корисна алатка за навигација во непозната околина. Во исто време, дава можност да го истражите светот од удобноста на фотелјата. Еден корисник на Reddit неодамна останал запрепастен од откривањето на мистериозен, напуштен град, кој обично го нема на маршрутата за автомобили на Google.

Слики од руинирани улици, соголени солитери, изолирани области, како сцени од апокалиптични филмови.

Снимката го доловува островот Хашима, во близина на Нагасаки, познат по своите рудници за јаглен, отворен во 1887 година, за време на индустријализацијата на Јапонија.

За време на Втората светска војна, на островот биле донесени корејски цивили и кинески воени заробеници, кои биле принудени на работа.

Најголем број жители е забележан во 1959 година, вкупно 5.259, но бројот со текот на времето започнал да се намалува, пренесува Експрес.

Се проценува дека околу 1.300 затвореници починале на овој остров од истоштеност, глад и лоши услови за живот. Официјалните податоци покажуваат дека во периодот од 1925 до 1945 година на островот биле кремирани 1.162 јапонски државјани, 122 граѓани на Кореја и 15 кинески државјани.

Бидејќи јагленот бил заменет со нафта, рудниците биле затворени, а во 1974 година, последниот жител го напуштил островот.

Оваа област е „забранета зона“ со години, но беше отворена за туристи во 2009 година. Организирани се специјални тури, бидејќи не е дозволено слободно да се шетаат по улиците, пренесува Објектив.

Се претпоставува дека на Гугл му е дадена дозвола да прави слики од градот и да им дозволи на корисниците да гледаат необични сцени.

најчитани вести

Забава

Не велат залудно – пазете што сакате, можеби ќе се оствари. Во случај на една девојка, не само што ѝ се оствари нејзината најголема...

Забава

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ за време на гостувањето во една ТВ – емисија изјави дека во овој момент би се омажила само за рускиот...

Свет

Глад доведе до смрт на 200.000 луѓе само во Европа, а немири избувнаа во Велика Британија и Франција, додека магацините со храна беа ограбени....

Забава

Српската пејачка Јелена Карлеуша многумина ценејќи по тоа што ја гледаат по ТВ екраните, ја доживуваат како многу арогантна и сурова личност, но оние кои приватно...