3.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

ХАОС ВО ЊУЈОРК: Сомнително возило предизвика паника (видео)

Вистинска драма се одвива во Њујорк откако наводно било забележано возило полно со експлозив во близина на трговски центар во Квинс.

Според светските медиуми, евакуацијата на трговскиот центар е во тек, а полицијата апелира до граѓаните да ја избегнуваат областа околу 56-та авенија.

Според непотврдени информации, возилото било забележано во гаража.

Полицијата добила повик околу 07:40 часот, а се чини дека боци полни со пропан биле прикачени на возилото.

На самото место има специјални полициски единици кои го проверуваат возилото.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести