23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

СТРАШНО: Новата мутација на Корона вирусот пристигна во Грција

Мутираниот коронавирус е откриен и во Грција кај лица кои неодамна пристигнале од Велика Британија, пренесоа грчките медиуми.

Според „Катимерини“, петмина од нив се грчки државјани, а еден е Британец. Сите пристигнале викендов од Велика Британија и веќе се во карантин.

За новата мутација на вирусот, откриена во Велика Британија, која се прошири речиси низ целиот свет, се смета дека е многу позаразна од претходните.

Новиот вид на коронавирусот, што прво беше откриен во Велика Британија, потврден е во најмалку 37 држави, јави Си-Ен-Ен.

Според експертите новиот вид полесно се пренесува, но нема докази дека е посмртоносен или да предизвикува потежок облик на болеста.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести