2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

НАДРЕАЛНИ БРОЈКИ: Ова се најскапите разводи во Холивуд

Иако многумина стапуваат во брак со надеж со ветување дека тој ќе трае до крај на животот, многу приказни не добиваат таков епилог. Многу ѕвезди поминаа низ разводи, каде што некои завршија со полн џеб, а некој со полупразен џеб.

Ова е список на познати кои плаќаат „вртоглава“ алиментација на своите поранешни партнери.

Актерот Чарли Шин треба да издвои околу 90 илјади евра месечно (секако во долари) за алиментација. Откако се разведе од Дениз Ричардс, судот утврди дека тој мора да плаќа 45 илјади евра месечно за неговите ќерки Сем и Лола. Актерот треба да и плати иста сума на својата поранешна партнерка Брук Милер за нивните два сина Боб и Макс.

Еди Марфи тешко се помири со фактот дека ќе мора да плаќа алиментација. Кога била извршена ДНК анализа, комичарот признал дека е на Ејнџел од пејачката Мел Би. Судот утврди дека тој треба да плаќа околу 50 илјади евра месечно за девојчето.

Актерот Мел Гибсон и плаќа на својата поранешна партнерка Оксана Григоријева, со која ја има ќерката Луција, околу 16.500 евра.

Освен тоа, таа убаво се збогатила по разводот, кога добила половина од неговото богатство.

Музичарот Пол Макартни по разводот и плати на својата поранешна сопруга Хедер Милс нешто повеќе од 40 милиони евра, а тој и плаќа алиментација на нивната ќерка Беатрис од околу 52.000 евра секој месец.

Пејачката Бритни Спирс плаќа алиментација на својот поранешен партнер Кевин Федерлајн за нивните два сина Шон и Џејден, што изнесува 45 илјади евра.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести