Се надевам дека и мене ќе ми се случи некој да го сакам со цело срце“
Фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ гостувала во во една емисија каде што раскажала за својот покоен маж Жељко Ражнатовиќ Аркан. Таа истакнала дека полесно би и било да се развела, отколку што го изгубила на овој начин.
“По своја вина не го растурив бракот па да се каам, мене Жељко ми е истрган од раце, се надевам дека ќе ми се случи некој да го сакам со цело срце“ и доадала: “Секогаш имав подршка од децата, тие не сакаат да бидам сама. Сами го правиме својот избор. Сите овие 20 години не бев сама, не го експонирав тој дел од животот, но имав долага осаменост. Најдолго бев сама двеипол години. Не е среќа само да имаш партнер, не сум жена која по секоја цена да бидам со некого, подобро е да се биде сам отколку со било кого Не сум толку осамена која може механички да биде со некој, доста сум емотивна, потребен ми е некој кој ќе ми биде пријател, по дома сум без шминка, во пижами, 24 часа не сум стокмена за да го фасцинирам, мора да ме сака онаква каква што сум“.
Цаца раскажала како ги запознала мажите со кои била досега…
„Жените од јавна сцена тешко стапуваат во контакт со луѓето. Мене може некој да ме запознае покрај пријателите, неможам туку така да се впуштам во некој однос. Луѓето се подготвени на се и сешто, немам луксуз да си играм со својот лик, дело и со своите деца, незнам какви им се намерите? Секогаш многу внимавав, човек треба да мисли на се, не постојам само јас“, рекла Цаца па рекла што и е битно кај спротивниот пол.
“Физичкиот изгле привлекува внимание, но подоца гледаш дали има хемија, дали се разбирате, дали ви е забавно, се се врти околу хемија меѓу луѓето. Дали е постар или помлад не е важно“.