Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Во затвор почина НАЈСТРАШНИОТ СЕРИСКИ УБИЕЦ ВО СВЕТОТ – Тврдеше дека убил 96 лица, ФБИ потврди 50

Самуел Литл, човекот познат како серискиот убиец со најмногу жртви во САД, почина во затвор на 30 декември, на 80-годишна возраст, потврдија затворските власти во Калифорнија.

Литл беше осуден на три доживотни затворски казни без право условна казна од судот во Лос Анџелес за убиство на 3 жени, извршено кон крајот на 80-тите години на минатиот век.Сепак, тој по апсењето призна дека убил други 93 лица.

Според ФБИ, неговите признанија биле „веродостојни“. Неговиот трагичен рекорд беше откриен од Федералното биро за истраги во извештајот објавен во ноември 2018 година. Во него се вели дека првично се појавило неговото име во серија убиства кои сè уште биле без сторител и се случиле во различни градови

Убиството во Одеса, Тексас, се чинеше дека е најјасно поврзано со него. Така, двајца криминалистички аналитичари од ФБИ и Џејмс Холанд, Тексашки ренџер, отидоа да разговараат со него за да видат дали можат да го натераат да прозбори. Во текот на интервјуто, тој му го кажа на Холанд бројот на луѓе што ги убил во секој град.

Литл одбирал жени од маргинализираните слоеви кои често биле зависнички од наркотични средства или се занимавале со проституција, се вели во извештајот на ФБИ. Во октомври 2019 година, ФБИ соопшти дека успеа да потврди како точни 50 од убиствата што ги признал Литл, додека работеле и на другите.

Во септември 2012 година, Литл беше уапсен во прифатилиште за бездомници во Кентаки и беше екстрадиран во Калифорнија, каде првично се бараше за прекршоци поврзани со дрога. По апсењето, истражителите во Лос Анџелес откриле дека ДНК-та на Литл се совпаѓа со жртвите во три нерешени убиства, извршени во 1987 и 1989 година.

Жртвите биле сите жени, кои биле тепани, а потоа задавени, додека нивните безживотни тела биле фрлени во во канта за ѓубре и едно во гаража, соопшти ФБИ.

најчитани вести

Забава

Медиа.мк се одлучи на новогодишно забавно интервју со популарната српска млада актерка Нина Нешковиќ, која покрај својата невообичаено светла насмевка и прекрасната харизма, носи...

Балкан

Денеска во БиХ е прогласен за Ден на жалост за осумте тинејџери кои беа пронајдени мртви во викендичка во селото Трибистово, Посушје каде биле собрани за да ја...

Забава

Групниот с**с е табу тема, па речиси сите ги кријат своите фантазии, но една 62-годишна професорка на факултет за британски „Гардијан“ ги сподели своите...

Забава

Почесниот претседател на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Милутин Мркоњиќ синоќа е итно хоспитализиран во болница во Белград. Според српските медиуми, тој е негативен на коронавирус,...