Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

РЕТКА СНИМКА: Еве како ТИТО славеше нова година (видео)

Жителите на Нови Сад влегоа во 1977 година заедно со најважниот гостин во земјата – Јосип Броз Тито.

Беше голема чест за власта во Нови Сад дека маршалот Тито, заедно со неговата сопруга Јованка Броз, ќе ја поминат ноќта помеѓу 31 декември и 1 јануари, во хотелот Парк.

Градската власт предводена од Јово Дејановиќ мораше да го покаже развојот на градот, така што доживотниот претседател на СФРЈ во текот на денот ја посети новата фабрика на компанијата Данубиус.

Потоа следеше новогодишната ноќ во хотелот Парк. Звездата на вечерта беше, легендарниот Миодраг Петровиќ Чкаља, кој читаше хумористични честитки упатени до другарот Тито и други политичари.

Секако, една ваква вечер во Нови Сад не можеше да помине без тамбурашот, Јаника Балаж и оркестарот на Јован Адамов. Таму беа и Мира Бањац, Борис Дворник, Иван Хајтл, Милка Стојановиќ и многу други.

Кога веќе се влезе во новата 1977 година, Тито ја крена чашата „за среќа и благосостојба на нашите народи и националности и на нашата работничка класа“. По полноќ и танцувањето со неговата сопруга Јованка, Тито ги посети војниците во Домот на ЈНА, а следниот ден замина за Караѓорѓево.

Четириесет и четири години подоцна, нема да има организирана новогодишна ноќ поради пандемијата на вирусот корона. Исто како и многу години подоцна, апартманот во кој Јосип Броз Тито преноќил во хотелот Парк, сè уште е именуван по негово име – Резиденцијата на Тито.

најчитани вести

Х-Фајлс

„Кафето е култура и традиција. Навредите и лутењето се знак на некултура и слабост, а зависта го јаде човекот од внатре“. Вака директорот на...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ има сериозен проблем кога во ситуација на општа разочараност од работењето на владата, не може да направи двоцифрена предност пред СДСМ.Наместо огромна разлика...

Македонија

Со заминување на 2020 година си замина и лидерското место во опозицијата од Христијан Мицкоски кај антинато ориентираниот Димитар Апасиев.За прв пат во историјата...

Забава

Медиа.мк се одлучи на новогодишно забавно интервју со популарната српска млада актерка Нина Нешковиќ, која покрај својата невообичаено светла насмевка и прекрасната харизма, носи...