Во Турција поради сомневања за тероризам биле уапсени 267 лица, јави Анадолија. Повеќето од приведените, односно 161 лице биле странци за кои заедно со останатоте се верува дека планирале напади за новогодишната ноќ, но не беа откриени повеќе детали во врска со ова.
Апсењата беа извршени за време на кации во 33 населени места и провинции меѓу 20 и 31 декември, додава Анадолија повикувајќи се на соопштение од Министерството за внатрешни работи.
Не е откриено која националност се странците. Одделно, турските имиграциони власти приведоа 69 странци со „врски со зоните на конфликти“.
Властите запленија пиштоли, експлозиви и дигитални документи поврзани со терористички групи во операција против 69 луѓе. Не се споменува за конкретна терористичка група.