8.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Луди верувања за 1 јануари

Постојат многу интересни стари верувања во врска со Новата година, а некои од најинтересните се поврзани со 1 јануари.

Па, да одиме да видиме што не смеете да правите на првиот ден од новата календарска година и што е добро да направите.

Децата родени на 1 јануари се сметаат за деца на среќата.

Добро е да влезете во новата година со полн фрижидер и пари во вашиот паричник, бидејќи тоа повикува благосостојба.

Се верува дека е голем малер ако миете садови или алишта на 1 јануари – се верува дека некој ќе исчезне од куќата ако тоа се стори.

Бидете внимателни да не кинете нешто на првиот ден од новата година, тоа е исто така лош знак.

Ако влезете во 2021 година со долгови, тие ќе ве следат во текот на целата година.

Многу е важно лице од спротивниот пол прво да ви ја честита Новата година, тоа повикува на среќа во љубовта.

Исто така, ако сте отвориле шампањ по полноќ, ќе ве интересираат две верувања:

Кој ја испие последната голтка од шишето, ќе има многу среќа во 2021 година.

И, добар знак е ако ве удри плута од шампањ (се разбира, не на болно место).

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести