Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ТАЖНА ВЕСТ ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: ПОЧИНА МАЕСТРО ЗОРАН ЏОРЛЕВ

Почина Зоран Џорлев, еден од најдобрите македонски виолинисти, вокален изведувач, и професор. Џорлев, според негови блиски, веќе некое време се лекувал од корона, но, за жал, неговиот организам не успеал да се избори со болеста.  

Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година, каде го поминал детството, живеејќи на улицата „Пере Тошев“ во близина на киното, заедно со братот Ристо (Ице) и сестрата Софче. Тој е дете на Наско и Грозда Џорлеви, а татко му е познат композитор на народна музика и водач на оркестар. Кога бил првооделенец, со семејството се преселил во Скопје. Уште во раното детство, во Струмица, започнал да свири на труба, хармоника и гитара. Во 1977 година почнал да свири на виолина, откако претходно во музичкото училиште бил одреден да свири на пијано, зашто „немал предиспозиции за виолина“. Во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Работел како професор по виолина, а беше и директор на ДМБУЦ Илија Николовски-Луј во Скопје. Во јануари 2011 беше назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде остана до август 2017 година.

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи, каде пријателите почнаа да се простуваат од легендата, ја потврди и неговиот внук Огнен Здравковски. 

најчитани вести

Х-Фајлс

„Кафето е култура и традиција. Навредите и лутењето се знак на некултура и слабост, а зависта го јаде човекот од внатре“. Вака директорот на...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ има сериозен проблем кога во ситуација на општа разочараност од работењето на владата, не може да направи двоцифрена предност пред СДСМ.Наместо огромна разлика...

Свет

Никола Тесла е еден од најголемите генијални умови во историјата на човештвото. Според многумина тој „го измисли 20“ век, а неговото место во историјата...

Македонија

Со заминување на 2020 година си замина и лидерското место во опозицијата од Христијан Мицкоски кај антинато ориентираниот Димитар Апасиев.За прв пат во историјата...