Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

Ова е лекот ако сте претерале со алкохол

Претеравте со алкохол!? Без паника, можеби нема конкретен лек, ама има неколку работи кои може да ви се од помош. 

Вода, вода и – вода!

Една од најважните причини поради која ви е тешко во утрото после пиење, е дехидрацијата. Значи на организмот му недостасува вода и треба под итно да се надополни! Колку порано ќе почнете да пиете вода, толку побрзо ќе ви биде подобро. Најдобро решение е, во текот на консумирањето алкохол, да ги пресечете турите со неколку голтки вода.

Сок од домати

Додека вие уживате во разни пијалоци, вашиот организам ги троши резервите на витамини, како А, Б ( особено Б-6)и Ц. Недостатокот на витамини е причината поради која се чувствувате како некој да ве исцедил, исцрпено. Овие неопходни состојки надополнете ги со пиење на сок од портокал, домати или енергетски пијалаци за спортисти, кои се богати со хранливи состојки. Но запаметете – не консумирајте сок од грејпфрут! Тој само ќе ја зголеми мачнината, а многу веројатно дека повторно ќе мора да ја гушкате ВЦ-школката.

Свежо овошје

Овошјето е идеална храна, која со брзина на молња во вашиот организам ќе ги внесе неопходно потребните, а изгубени витамини.

Топол туш

Топлиот туш помага секогаш и секаде, па така и во овој случај. Истуширајте се, задолжително со топла вода, зашто студената вода предизвикува стеснување на крвните садови во кожата и периферните органи, што уште повеќе го оптоварува срцето и го отежнува дишењето. Од друга страна, топлата, не прежешка вода ја подобрува прокрвеноста на кожата и ја подобрува работата на срцето. Освен што ќе се разбистрите и ќе мирисате поубаво, зашто по долго пиење, никој не мириса како свежо набрано цвеќе.

најчитани вести

Х-Фајлс

„Кафето е култура и традиција. Навредите и лутењето се знак на некултура и слабост, а зависта го јаде човекот од внатре“. Вака директорот на...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ има сериозен проблем кога во ситуација на општа разочараност од работењето на владата, не може да направи двоцифрена предност пред СДСМ.Наместо огромна разлика...

Свет

Никола Тесла е еден од најголемите генијални умови во историјата на човештвото. Според многумина тој „го измисли 20“ век, а неговото место во историјата...

Македонија

Со заминување на 2020 година си замина и лидерското место во опозицијата од Христијан Мицкоски кај антинато ориентираниот Димитар Апасиев.За прв пат во историјата...