Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

Совети за најубава елка

Новата година е тука, а какви би биле празниците без сјајна новогодишна елка?

Сепак, за да не изгледа грдо еве совети како да избегнете грешки при украсувањето.

Сите имаме различни вкусови, дури и кога станува збор за украсување на вашиот дом за новогодишните и божиќните празници.

Некои сакаат едноставност и чисти форми, додека други претпочитаат целата нивна куќа да блесне од експлозијата на бои.

Во секој случај, постојат основни правила за тоа како да направите вашата елка да изгледа како да е украсена од професионалец.

1. Внимателно подгответе ја елката

Одвојте време, особено ако е природна. Задолжително поставете ја основата што ја користите и ставете хартија под неа за дополнително да го заштитите подот од паднати иглички.

2. Поставете „внатрешно осветлување“

Кога поставувате светилки, поставете сијалички со потопли тонови покрај стеблото на дрвото, што ќе создаде прекрасен внатрешен сјај.

3. Редот е клучен

Вашите лампиони нека бидат во најмалку три различни големини. Кога ги ставате, оставете го распоредот на еднаквите да биде цик-цак. Поставете ги специјалните, оние што имаат сентиментална вредност за вас, на местата каде што ќе го привлечат вниманието на секој што ќе ја погледне вашата елка. Нека бидат тој последен магичен допир.

5. Играјте со боите

Иако многу луѓе претпочитаат новогодишни елки кои се украсени во една боја, можеби е време да додадете цел спектар на бои на вашите црвени, сребрени или златни лампиони што ќе ја направат вашата елка среќна.

најчитани вести

Х-Фајлс

„Кафето е култура и традиција. Навредите и лутењето се знак на некултура и слабост, а зависта го јаде човекот од внатре“. Вака директорот на...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ има сериозен проблем кога во ситуација на општа разочараност од работењето на владата, не може да направи двоцифрена предност пред СДСМ.Наместо огромна разлика...

Свет

Никола Тесла е еден од најголемите генијални умови во историјата на човештвото. Според многумина тој „го измисли 20“ век, а неговото место во историјата...

Македонија

„Успеавме во битката да не се потрошат 33 милиони евра со 21 часовна дебата без престан. Продолжуваме во битка за правда и битка за...