12.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Страшни сцени во Норвешка – НАЛИКУВА НА АПОКАЛИПСА (фото)

Најмалку девет лица беа повредени, а околу 200 лица беа евакуирани во средата по свлечиштето во градче северно од Осло во Норвешка.

Норвешката полиција беше известена, во 4 часот наутро, за масивни одрони и дека осум куќи се откорнати од земја, во област во која живеат приближно 5.000 луѓе.

Полицијата го нарече ова катастофа и на Твитер соопшти дека „некои куќи се оштетени од свлечиштето. „Службите за итни случаи, со помош на цивилната заштита и норвешката армија, се вршат евакуација.

Околу 40 амбулантни возила беа испратени на местото на настанот и евакуацијата продолжи, бидејќи властите изјавија дека сè уште постои ризик од натамошно лизгање на земјиштето. Геолозите од Дирекцијата за водни ресурси и енергија на Норвешката  во моментов го проценуваат местото  за да утврдат дали е безбедно влегувањето на спасувачките екипи.

Областа каде се наоѓа овој град е позната по својот терен богат со еден вид глина што може да варира од цврста до течна состојба. Ова често предизвикува вакви катастрофи и многу пати имало пријави за лизгање на земјиштето.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести