19.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Славење нова година дома има своја предност

Завршува 2020, или за многумина најлошата година досега пред се поради пандемијата од ккоронавирусот.  Уште малку и готово, повеќе ќе ја нема оваа година, и време е во новата да гледаме со надеж.

И токму сега, кога повеќе од кога и да сакаме да го прославиме заминувањето на старата година, се надеваме дека повеќето ќе останат дома. Ова најверојатно ќе биде најчудниот дочек што ќе го доживееме. И се надеваме дека ќе биде последен од ваков вид.

И пред да помислите на празнична депресија, незадоволство, негодување, лошо расположение и неколку капки солзи, ќе ви дадеме повеќе причини зошто дочекот дома има предности.

1. Може да се облечете како сакате

Облечете се елегантно. Облечете се, токму онака како што ви се допаѓа и уживајте во топлината на домот, каде сè ви е на дофат на рацете. Сигурни сме дека ќе има „материјал“ за добри фотографии, или можете да скокате во пижами, стара маица, ноќница, тренерка. Уживајте во фактот дека можете да се опуштите во секое време, и, на крајот на краиштата, да заспиете. Одлично е чувството, верувајте.

2. Нема пликови на петиците

И не само тоа, туку и  болка. Сите жени знаат како заради една вечер, потребни се денови за да се опорават стапалата од носење потпетици. Овој 31 декември изберете ги најубавите меки влечки и уживајте во „прошетка во облаците“.

3. Ќе стигнете да се слушнете со сите

Патем, ова е еден од најголемите проблеми, кога станува збор за новогодишните прослави. Сигурно ви се случило еднаш дека еден „тим“ ќе се налути, затоа што ќе славите со друг и обратно. Или дека треба да трчате од едниот до другиот крај на градот, за да го „испочитувате“ целото друштво. Оваа година ќе ја избегнете драмата на гледање на часовникот. И најдобро од се  – ќе можете да ги слушнете сите, без никакви проблеми.

4. Новогодишна ТВ-програма

Да бидеме реални, кога последен пат ја поминавте Новата година со ТВ? Претпоставуваме дека не, уште од тинејџерски денови. А, новогодишните програми, верувајте,  се вистинско богатство. Ако одлучите да поминете време со музичка програма, ќе уживате и во песна и во добри и помалку добри стајлинзи. А сепак, можете да најдете нешто погодно на еден од многуте филмски ТВ-канали или едноставно да си пуштите нешто по ваш избор.

5. Ќе заштедите пари

И тоа е една голема вистина. Колку пари трошите само на облека, шминка, самата прослава, такси. А не заборавајте – јануари е најдолгиот месец. Уживајте во фактот дека оваа година ќе потрошите само колку што сакате и што е најдобро – нема непланирани трошоци.

6. Ќе уживате со семејството

Колку Нови години поминавте надвор од домот? Доста е, сигурни сме. Ако оваа година не научи нешто, тоа е колку е важно семејството. Прегрнете ги вашите најмили, бакнете ги точно на полноќ или порано и заблагодарете се на оваа 2020 година што ви овозможи да останете заедно. Нови години доаѓаат и си одат, секогаш ќе има прослава, во нормални околности секој ден е причина за славење, а овој 31 декември, ни се чини, најмногу ќе славиме и ќе бидеме благодарни што во 2020 година ни овозможи да останеме заедно.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести