20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Русите добиваат Ковид-пасоши уште во јануари

Жителите на Русија кои биле вакцинирани против коронавирус од јануари 2021 година, автоматски ќе можат да добијат пасош што го потврдува тоа на веб-страницата на државните служби („Госуслуг“), изјави министерот за здравство на Русија, Михаил Мурашко.

„Планирано е во јануари на веб-страницата на државните служби да има можност, меѓу другото, автоматски да се добие пасош на вакцинирано лице со внесување лична сметка“, рече Мурашко на состанокот на президиумот на владиниот совет за координација на коронавирусите.

Според Спутник, тој исто така објавил дека 80% од вкупниот број на лица заразени со короната во Русија, односно околу 900.000 луѓе, се лекуваат дома. Мурашко посочи дека во последните денови се забележува позитивна динамика.

„Бројот на пациенти е намален за четири проценти“, прецизира тој.

Уште 27.002 случаи на коронавирус се регистрирани во Русија денес. Од почетокот на пандемијата во Русија, откриени се 3.105.037 случаи на инфекција со Ковид 19.

Да потсетиме, владата во Франција, исто така, му испрати закон на собранието што им овозможува на оние кои се вакцинирани да имаат пристап до јавен превоз, ресторани, културни институции и други јавни места, и со тоа ќе стане првата земја во Европа што воведува „зелени пасоши за вакцина“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести