Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Министерот Спасовски учествуваше на традиционалното академско кафе со студентите и професорите од Факултетот за безбедност – Скопје

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и државната секретарка м-р Магдалена Несторовска учествуваа на традиционалното предновогодишно академско кафе, кое годинава се реализираше „онлајн“ во организација на Факултетот за безбедност – Скопје, во рамки на Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола. Настанот, на кој студентите и наставниците имаа можност да разменат искуства со министерот Спасовски за безбедноста, движењето на криминалитетот, плановите за иднината, го водеше деканот на факултетот, проф. д-р Никола Дујовски. 

Во своето воведно обраќање министерот Спасовски истакна: „Зад нас е една би рекол тешка година, исполнета со активности што многу повеќе беа резултат на изнуденост – се разбира како одговор на глобалната пандемија од „ковид 19“ – година што објективно забави или одложи многу наши планови, амбиции, проекти, без оглед дали се однесуваат на личен, професионален или институционален план“, додавајќи дека не постоеше сегмент од општественото живеење кој што не се најде на удар на пандемиската криза, вклучувајќи ги образовниот и научниот сегмент, кои што како и сѐ друго, мораа да се прилагодуваат на новонастанатите услови.

„Сепак, на мислење сум дека и покрај таквите, без дилема вонредни и крајно загрозувачки состојби во текот на речиси цела 2020 година, успеавме да ги амортизираме поголемиот дел од можните штети – пред сѐ во поглед на зачувување на здравјето на луѓето, како и во поглед на спроведување на законите и во релативно нормалното фукционирање на системот, како базични услови за брзо надминување на оваа досега незапаметена светска криза, предизвикана од пандемијата на коронавирусот ковид 19“, посочи министерот Спасовски. 

Одговарајќи на прашања од страна на студентите, министерот информираше за мерките кои секојдневно ги спроведуваат полициските службеници за спречување на ширење на вирусот, како и за за секојдневното затворање на угостителски објекти поради непочитување на мерките и одлуките донесени од Владата. 

Министерот Спасовски, одговарајќи на прашање во однос на борбата со криминалот генерално, предочи за намалување на сите видови криминалитет во државата во последните неколку месеци, вклучувајќи ја и бескомпромисната борба со нелегалната трговија со дрога, од која секојдневно се гледаат резултатите. Воспоставувањето на редот во сообраќајот преку зајакнатите сообраќајни контроли, исто така, беше поздравено од студентите, како и зајакнатите контролни активности на полицијата пред празниците, кои резултираа со над 180.000 запленети пиротехнички средства.  

Министерот Спасовски, осврнувајќи се на годинатакоја донесе предизвици што влијаеа на поттикнување на човечноста и солидарноста,  им посака на студентите добро здравје и среќна и успешна 2021. Факултетот за безбедност – Скопје на министерот Оливер Спасовски му додели благодарница за досегашната соработка и партнерскиот однос со оваа високообразовна институција. 

најчитани вести

Македонија

„Охридскај“ пишува дека спортската обложувалница „Спорт-Лаиф“ се соочува со проблеми затоа што треба да му исплати на еден човек во Охрид дури седум милиони евра,...

Македонија

На 25.12.2020 во 18.30 часот во СВР Скопје, Б.С.(50) од с.Шишево,скопско пријавил дека околу 14.50 часот додека бил на работно место во фирма на...

Македонија

Првите луѓе на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се залагаат за реформи во образовниот систем, но преку враќање назад 1200 години.Имено, директорот на проопозициската...

Македонија

„Успеавме во битката да не се потрошат 33 милиони евра со 21 часовна дебата без престан. Продолжуваме во битка за правда и битка за...