Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Лекарот кој ја откри еболата ПРЕДУПРЕДУВА: Човештвото е ПОД ЗАКАНА на нови страшни вируси

Човештвото се соочува со голем број нови и потенцијално фатални вируси кои потекнуваат од африкански тропски шуми, тврди професорот Жан-Жак Муембе Тамфум, кој во 1976 година беше во тимот на лекари кои го открија вирусот ебола.

Муембе вели дека ќе се појават нови патогени микроорганизми и дека тоа е закана за човештвото. Како млад научник, тој ги зел првите примероци на крв од тогаш мистериозната болест што предизвика крварење и смрт кај околу 88 проценти од пациентите и 80 проценти од болничкиот персонал во мисијата во Јамбуку, кога првпат беше откриена еболата.

Дури и денес, светот мора да се потпре на африканските научници во Конго и на други места како стражари за да предупредат на нови болести. Муембе за Си-Ен-Ен предупредува на многу зоонотски болести, односно болести кои се пренесуваат од животни на луѓе, како што се жолта треска, разни форми на грип, беснило, бруцелоза и Лајмската болест. Глодарите и инсектите често се преносители на болести од животно на човек. ХИВ, на пример, се појави кај еден вид шимпанзо, а САРС, МЕРС и Ковид-19 преминаа на луѓе од непознати „резервоари“ во животинскиот свет.

Муембе верува дека некои идни пандемии можат да бидат дури и полоши од пандемијата на коронавирусот.

Според истражувањето на Марк Вулхаус, професор по епидемиологија на заразни болести на Универзитетот во Единбург, секоја година се откриваат три до четири нови вируси, од кои повеќето потекнуваат од животни.

Експертите сметаат дека растечкиот број на нови вируси е првенствено резултат на еколошко уништување и трговијата со диви животни. Како што нивните природни живеалишта исчезнуваат, животните како стаорци, пчели и инсекти преживуваат таму каде што се уништуваат поголеми животни. Помалите животни можат да живеат со луѓе и постои сомневање дека тие пренесуваат нови болести на луѓето. Така, научниците ги поврзаа минатите епидемии на ебола со продорот на луѓето во прашумите. Во студија од 2017 година, истражувачите откриле дека 25 од вкупно 27 епидемии на ебола кои избиле покрај границите на прашумата во централна и западна Африка од 2001 до 2014 година, започнале на места на големо уништување на шумите две години порано.

Муембе денес го предводи Конгоанскиот национален институт за биомедицински истражувања во Киншаса, кој е дел од светскиот систем за рано предупредување за нови болести.

– Ако патогенот се појавил во Африка, треба време за да се прошири низ целиот свет, рече тој, објаснувајќи дека ако вирусот биде откриен на време, Европа и остатокот од светот ќе имаат време да развијат нови стратегии за борба против новите вируси.

Научниците веруваат дека зоонотските болести како ебола и коронавирус се пренесени на луѓето за време на колење на диви животни, бидејќи во секое од овие животни може да се крие непозната болест.

најчитани вести

Македонија

„Охридскај“ пишува дека спортската обложувалница „Спорт-Лаиф“ се соочува со проблеми затоа што треба да му исплати на еден човек во Охрид дури седум милиони евра,...

Македонија

Првите луѓе на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се залагаат за реформи во образовниот систем, но преку враќање назад 1200 години.Имено, директорот на проопозициската...

Македонија

„Успеавме во битката да не се потрошат 33 милиони евра со 21 часовна дебата без престан. Продолжуваме во битка за правда и битка за...

Свет

Никола Тесла е еден од најголемите генијални умови во историјата на човештвото. Според многумина тој „го измисли 20“ век, а неговото место во историјата...