12.8 C
Skopje
среда, април 17, 2024

Венчалниот прстен е симбол на вечна љубов

Европејците преку брак се заколнуваат на вечна љубов, а еден од симболите е прстенот. Дали знаете на која рака Европејците носат бурма и дали сите ја носат на истата?

Во САД е договорено тоа да биде на левата рака. Сепак, како што покажува мапата, постојат неверојатни разлики во традициите на носење прстени низ цела Европа.

Според оваа мапа, Европа е прилично рамномерно поделена меѓу земјите каде што се носи бурмата на левата рака (зелена) и оние каде што се носи од десната страна (црвена).

Земјите во Европа каде што се носи бурмата од левата рака се Велика Британија, Франција и Италија, а најголеми каде што се носи прстенот од десната рака се Русија, Германија, Полска, Украина и Србија.

Шпанија и Холандија немаат единствена традиција, прстенот се носи во тие земји во зависност од регионот или религијата.

Носењето прстен како видлив знак на брачен статус е традиција која датира уште од античките Египќани. Тие верувале дека „вената на љубовта“ поминува низ четвртиот прст на раката и води директно кон срцето. Ова верување било усвоено и од Грците и Римјаните (кои оваа вена ја нарекле аморис). Сепак, оваа традиција не е униформирана,  некои рани келтски народи носеле венчален прстен на средниот прст, додека во Англија во 17 век на палецот.

Во многу култури, венчалните прстени ги носеле само жените. На пример, во Германија, обичајот мажите да носат прстен станал прифатен само во втората половина на 19 век. Машките венчални прстени станале прифатени во Велика Британија и други земји во кои се зборува англиски, за време на (и поради) Првата и Втората светска војна. Мажите кои биле на воена должност почнале да носат прстени за да ги потсетуваат на своите жени.

Нема единствен одговор на која рака се носи. Според се двете се точни, во зависност од различните култури и традиции присутни во одредени области.

Носењето прстен на левата рака се смета дека е поблиску до срцето. Исто така, има мали предности во однос на безбедноста и практичноста ако е на десна рака. Носењето прстен на десната рака е релевантно затоа што тоа е страната со која се ракувате за луѓето да знаат дали сте во брак.

Во некои европски традиции, вклучувајќи и многу православни, венчален прстен се носи на левата рака пред бракот, а потоа се пренесува на десна за време на церемонијата. Во Турција, тоа е претежно обратно. Во Шпанија, бурмите обично се носат на десната рака, освен во Каталонија и соседните региони, како што се Валенсија и Балеарските острови. Во Холандија, протестантите носат венчален прстен на десната рака, додека католиците на лева.

Во Полска се носи на десна рака, освен ако не сте вдовица, во тој случај се носи на левата рака за да се означи тажниот статус, пишува Биг Тинк.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести