Раперот Стефан Ѓуриќ – Раста останува во притвор до 27 јануари. Апелациониот суд во Белград на Раста му го продолжил притворот за уште еден месец, кај кого во почетокот на октомври беше најден сканк и кокаин.
Притворот на Раста и неговиот пријател, извесен Б.Л., им е продолжен заради постоење околности кои укажуваат дека за кусо време би можеле да го продолжат кривичното дело. Според оваа одлука притворот може да трае до 27 јануари, по што ќе се донесе одлука дали и понатаму постојат причини за понатамошно задржување во притвор. Против Раста и Б.Л. обвинителството во Белград води истрага заради сомнеж дека извршиле кривично дело – недозволено производство и ставање во промет на опојни дроги за кои им се заканува казна од 3 до 12 години затвор. Истрагата е во завршна фаза и се очекува одлука за обвинението