Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Мицкоски повторно без компас: Ги замрзна односите со Пендаровски, а сега го моли да не го потпише договорот за ГА-МА

Прес-конференција на Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Штетниот и криминален Закон за Макпетрол во износ од 33 милиони евра со кој Зоран Заев му ги дава на олигархот кој е сопственик на Макпетрол со денешното шверцерско носење покажува колку е штетен.

Целата процедура за негово носење од страна на владејачкото мнозинство, седници до утринските часови покажуваат дека единствено со овој закон Зоран Заев прави криминал.

За Зоран Заев е небитно што нема пари за поддршка на тутунарите, оризопроизводителите, за социјалните случаи, но важно е да му подари 33 милиони евра на Макпетрол.

Важно е овие 33 милиони евра пари на граѓаните да се проневерат со закон, а не како што е процедурата со спогодба, се со цел Зоран Заев да се заштити и да не одговара за овој штетен договор.

Заев знае дека тоа што го направи е нелегално и дека за тоа ќе има одговорност. Затоа ги натера пратениците со закон да му го легализираат криминалот.

ВМРО-ДПМНЕ уште од почетокот беше против овој закон и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на секој можен начин се обиде да спречи негово донесување, но оваа криминална власт си го донесе преку своето кревко мнозинство.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува претседателот на државата, Стево Пендаровски барем еднаш да не биде слуга на Зоран Заев и да не го штити криминалот на оваа не народна власт и да не го потпишува законот за спорот помеѓу државата и Макпетрол.

Тутунарите, невработените, семејствата кои настрадаа од корона кризата треба да знаат дека за нив нема грижа од државата затоа што Заев реши да даде пари на Макпетрол наместо да решава проблеми

И сосема на крај, исклучително е лажна вест е информацијата дека ВМРО-ДПМНЕ го поддржала носењето на овој штетен закон.

Еве ја снимката од која јасно се гледа дека владејачкото мнозинство прави кворум, но не гласа нивниот пратеник Исмаил Јаховски што значи дека Костадин Костадинов уште еднаш брутално ја излажа јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ го направи кворумот. 

Каде е сега она владино тело за борба против лажните вести, да го санкционира Костадинов кој што шири зараза од лажни вести. Тоа покажува дека и самата власт прави криминал и пратеници од власта бегаат за да не гласаат за овој закон.

Одговорност мора да има. И ќе има, ќе одговарате за криминал.

најчитани вести

Македонија

„Охридскај“ пишува дека спортската обложувалница „Спорт-Лаиф“ се соочува со проблеми затоа што треба да му исплати на еден човек во Охрид дури седум милиони евра,...

Забава

Астролозите предвидуваат многу среќна година, богата со настани и отворена за нови можности. 2021 година ќе биде судбоносна за сите, но три хороскопски знаци...

Забава

Пејачката Сандра Африка не крие дека нема среќа во љубовта и дека досегашниот избор на парнери не бил доволно добар за да се венча...

Македонија

На 25.12.2020 во 18.30 часот во СВР Скопје, Б.С.(50) од с.Шишево,скопско пријавил дека околу 14.50 часот додека бил на работно место во фирма на...