Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

ЕВЕ КОИ ЛУЃЕ СЕКОГАШ ОСТАНУВААТ ВО КОНТАКТ СО БИВШИТЕ

Колку пати сте чуле дека љубовниците, по раскинувањето, станале пријатели? Или барем во некој вид контакт.

Се чини, тоа не е толку редок случај.

Психолозите тврдат дека постои посебна причина да се остане во контакт со бившите и дека тоа го прават претежно нарцисоидни луѓе.

Откако ќе престанат болката и фрустрацијата, некои луѓе сфаќаат дека сè уште имаат голема платонска наклонетост кон својот поранешен партнер или едноставно сфаќаат дека тие функционираат подобро како пријатели отколку како брачна двојка.

Други, пак, не сакаат или едноставно не можат да најдат начини да ја променат природата на врската со цел да задржат одредена личност во нивниот живот.

Психологот д-р Рамани Дурвасула, истакнува дека нарцисите често имаат навика да останат во контакт со своите поранешни партнери и тоа само од потреба.

Таа објаснува дека постојат неколку фактори кои се предмет на ваквото однесување. Нарцисите често се борат со фактот дека некој ги напуштил.

„Тие се борат со основната несигурност. Нарцисите се склони кон тоа примитивно чувство на напуштање, особено ако лицето со кое некогаш биле во врска е некој кој е богат, моќен, привлечен или многу помлад од нив“, вели Рамани.

Таа додава дека нарцисите навистина сакаат да имаат тајни, бидејќи тие за нив се знак дека имаат моќ.

Сепак,  забележува дека тоа не значи дека секој што останува во контакт со поранешните е нарцис.

најчитани вести

Македонија

„Охридскај“ пишува дека спортската обложувалница „Спорт-Лаиф“ се соочува со проблеми затоа што треба да му исплати на еден човек во Охрид дури седум милиони евра,...

Македонија

На 25.12.2020 во 18.30 часот во СВР Скопје, Б.С.(50) од с.Шишево,скопско пријавил дека околу 14.50 часот додека бил на работно место во фирма на...

Забава

Пејачката Сандра Африка не крие дека нема среќа во љубовта и дека досегашниот избор на парнери не бил доволно добар за да се венча...

Македонија

Првите луѓе на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се залагаат за реформи во образовниот систем, но преку враќање назад 1200 години.Имено, директорот на проопозициската...