23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Силен земјотрес со интензитет од 5 степени по Рихтер, утрово ја потресе Хрватска (ВИДЕО)

Силен земјотрес со интензитет од 5 степени по Рихтер, утрово ја потресе Хрватска. Епицентарот бил на 44 километри југоисточно од Загреб, пренесуваат хрватските медиуми. Земјотресот се случил утрово во 6: 28 часот, на длабочина од 10 километри. Градоначалникот на Петриње изјавил дека има материјални штети.

„Не погоди силен земјотрес, никогаш не сум дожиеал вакво нешто досега. Не знам дали има жртви или материјална штета“, рекол Даринко Думбовиќ.

После првиот следувале уште два потреси со јачина од 4,7 и 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопштуваат од Сеизмолошката служба на Хрватска. Новите потреси се забележани во 7:49 и 7:51 часот. Петриње се наоѓа на само 50 километри југоисточно од Загреб и 13 километри југозападно од Сисак. Сеизмолошката служба на Хрватска исто така објави дека јачината на земјотресот е 5 степени според Рихтер, а интензитетот во епицентарот е VII степен од скалата ЕМС.

„Беше страшно, никогаш во животот не сум почувствувала таков страв, имав чувство дека тресе 10 секунди. Се ни падна од полиците… Само врескав за да проверам дали ќерка ми е добро. Ние и добро поминавме, не можам ни да замислам како им е на луѓето во Петриње“, рекла Сања од Тополовац крај Сисак.

Во Загреб нема дојави за штети, но затоа во Петриње има.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести