20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Кривични пријави за сопственици на четири угостителски објекти во Скопје, работеле по дозволеното време

Полициски службеници од СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат на 26/12/2020 година во периодот од 16:00 до 23:00 часот на подрачјето на СВР Скопје вршеа контроли за почитување на мерките од Законот за заштита на население од заразни болести и новите одлуки за промени на работното време угостителските објекти. Контролирани се 285 објекти и констатирани се четири непочитувања на работното време (едно во Аеродром, едно во Гази баба и две во Сарај), кое согласно последната одлука се ограничува на 18:00 часот, за што ќе бидат изготвени соодветни кривични пријави за сопствениците на објектите, а од страна на ДПИ изречена забрана за работа. Во угостителски објект на ул. Перо Наков во 18.40 часот е констатирано дека работи и во него има гости. Сопственичката В.Н. е лишена од слобода и против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок Во објект на бул. Трета македонска бригада во 20.30 часот се затекнати гости, а одговорното лице Д.Ј:, кое е затекнат во обхектот е лишено од слобода и по документирање на случајот ќе следи соодветна пријава. Непочитување на работното време и присуство на гости е констатирано и во чајџилница во с. Копаница и кафе бар во с. Чајлане и против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести