Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

ДНЕВЕН ХОРОСКОП

ОВЕН

Давате сугестии околу некои преговори. Вложувате максимален напор, но затоа постигнувате одличен резултат. Ви годи редовната комуникација со симпатијата. Чувствувате дека е прашање на ден кога ќе влезете во врска. Стабилно здравје.

БИК

Не сте претерано сконцентрирани на работата, и поради тоа сте наклонети кон правење на мали грешки. Имате потреба да се слушнете со поранешниот партнер, и му се јавувате. Не сакате да ги анализирате емоциите кон него. Чувајте го грлото.

БЛИЗНАЦИ

Во фаза сте на правење нови планови. Проблем е што ништо не се одвива како што треба, и демотивирани сте. Уживате во тајниот флерт со симпатијата. Ви годи нејзиното друштво. Стабилно здравје.

РАК

Добивате добра понуда која ја криете од колегите. Не сакате да се откажете од брачниот партнер. Пробувате да го одржите бракот и покрај очигледната незаинтересираност на партнерот. Потребен ви е одмор.

ЛАВ

На работа е присутен застој, но тоа не ве демотивира. Напротив, проблемите ги гледате како предизвик. Вложувате уште повеќе енергија за постигнување на целта. Имате различен став кон финансиите во однос на партнерот вие сте загрижени, а тој опуштен. И натаму проблеми со реумата.

ДЕВИЦА

Детално ја анализирате понудата. Заклучувате дека има повеќе лоши страни од предности. Дефинитивно ја одбивате. Партнерот има впечаток дека не сте опуштени, и пробува да ве опушти. Притисокот е нестабилен, и се чувствувате поспано.

ВАГА

Би било добро да внимавате што, како, и кому зборувате. Не се сите колеги добронамерни и може да ги извртат вашите зборови. Очекувате од поранешниот партнер да ви понуди продолжение на врската, и ќе прифатите. Проблеми со спиењето.

ШКОРПИЈА

Многу сте заинтересирани за почеток на соработка со странците. Имате големи очекувања и нетрпеливо чекате да го прифатат вашиот предлог. Задоволен сте од односот со партнерот. Тој е вашата главна поддршка. Проблеми со кожата.

СТРЕЛЕЦ

Опуштени сте на работа. Свеста дека одлично ја познавате материјата ви овозможува самоуверен став. Партнерот инсистира на средба, а вие не сте претерано заинтересирани. Дишните органи се чувствителни.

ЈАРЕЦ

Максимално сте амбициозни. Прилив на пари и работен успех ви даваат крила. Целите ги подигнувате на уште повисоко ниво. Партнерот има впечаток дека повеќе се фокусирате на работата, отколку кон него. Стабилно здравје.

ВОДОЛИЈА

Имате големи очекувања од соработка со странци. Верувате дека ќе го прифатат вашиот предлог. Пред вас е ново познанство, но моментално немате некои јасни очекувања од него. Солидно здравје.

РИБИ

Постигнувате успех. Многу сте горди затоа што некои колеги не веруваа дека вашите планови се изводливи. Заинтересирани сте за врска. На другата страна и давате сигнал. Добро се чувствувате.

најчитани вести

Балкан

Јосип Броз Тито често се состануваше со многу светски лидери и на патувањата го дочекуваше најсвечен пречек, а начинот на кој го пречекаа во...

Забава

Астролозите предвидуваат многу среќна година, богата со настани и отворена за нови можности. 2021 година ќе биде судбоносна за сите, но три хороскопски знаци...

Забава

Додека целата естрада се жали дека нема настапи поради мерките кои се воведени за превенција од КОВИД-19, Северина си најде начин како да го...

Забава

Кристина Кија Коцкар, Катарина Живковиќ и заминаа на патување и искористија шанса целосно да се препуштат на уживањето. Пејачките решија да избегаат од Белград...