9.8 C
Skopje
среда, април 17, 2024

“Neverland” конечно доби нов газда – Мајкл Џексон го напушти после педофилскиот скандал

Калифорнискиот имот “Neverland” на Мајкл Џексон е конечно продаден, повеќе од десет години по смртта на поп пејачот кој го напуштил откако бил обвинет дека таму силувал деца.

Инвеститорот милијардер Рон Баркл, некогашен семеен пријател на Џексон, неодамна го купил тој имот голем 1,1 илјади хектари, објавил неговиот портпарол во четвртокот, пренесува агенцијата “Reuters”.

Во медиумите е објавено дека “Neverland”, неодамна преименуван во “Сикамор Вели Ранч”, е продаден за 22 милиони долари. Пред само пет години за имотот се барале 100 милиони, а во 2017-та година 67 милиони долари.

Џексон, кој во 2009-та година се предозирал со анестетикот Пропофол на 50 годишна возраст, го купил тој имот во Лос Оливос во 1988-ма година за 19,5 милиони долари. Го нарекол по земјата на Петар Пан.

“Neverland” или “Недојдија” имал зоолошка градина, железничка и луна парк. Џексон таму забавувал деца, а едно дете во 2005-та година го обвинило за злоставување, но пејачот бил ослободен од обвинението. После тоа пејачот ветил дека повеќе никогаш нема да се врати на имотот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести