20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

СДСМ: Мицкоски е едиствен кој останува на браникот на криминалот и насилството, затоа губи шест пати на избори, толку може

Христијан Мицкоски останува единствен на браникот на криминалот, единствен кој застана зад неговиот ментор криминалецот во бегство Никола Груевски.

Насилството од 27-ми април Мицкоски го сведе на хумор. Обиди за убиство врз пратеници и новинари за него е виц и хумор.

Тоа е Христијан Мицкоски, секогаш на браникот на насилството, деструкцијата и криминалот, а никогаш на страната на граѓаните.

Поради ваквото негово деструктивно однесување, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ шест пати се поразени од граѓаните

Мицкоски треба да знае дека ова е уште еден пораз за него. Не успеа да го одбрани насилството, одговорност за сите за насилството на 27-ми април мора да има и ќе има, вклучително и за организаторите.

Граѓаните на Мицкоски јасно му порачаа дека се на страната на иднина, а тој е единствениот кој останува на страната на криминалот, деструкцијата и насилството и затоа уште долго ќе биде опозиција.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести