8.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Несреќните настапи на Мицкоски, носат несреќа за ВМРО-ДПМНЕ

Едно од распространетите суеверија е дека црната мачка носи несреќа, а сличен е ефектот по ВМРО-ДПМНЕ и после секое несреќно појавување во јавноста на Христијан Мицкоски.

Со извинување до црните мачки и здруженијата за заштита на животни за споредбата, фактите укажуваат дека од јавните настапи на Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ само губи, а тоа се отсликува во сите резултати овие три години.

Последниот испад на Мицкоски е неговата вчерашна изјава пред судот и начинот на кој што ги третира случајот што се води против обвинетите од 27 април.

За настаните на 27-ми април Мицкоски вчера го обвини народот, наместо да се обиде на судот да му објасни дека немало тероризам или да преземе одговорност како прв човек на ВМРО-ДПМНЕ.

Како аргумент дека народот се самоорганизирал Мицкоски посочи дека би имало многу повеќе присутни на протестите доколку партијата ги организирала. Со оглед на тоа што и самиот кажа дека тогаш се собирале по неколку илјади граѓани, јасно е со каков дебакл то се соочува сега како лидер неможејќи да собере ниту 200 членови, а признава дека тогаш партијата можела и по 20 пати повеќе луѓе да мобилизира.

На прашање дали можеби е скаран со некој од обвинетите, но по излегување од судницата појасни дека само сакал да внесе малку ведрина на судењето, а е во пријателски односи со сите обвинети. „Се обидов да бидам вицкаст и да внесам една доза на хумор во судницата, бидејќи за прв пат еве се појавувам во судница во својство на сведок. Не сум бил до сега во својство на обвинет, една чудна атмосфера, многу сериозна, која што јас за прв пат ја гледам и се обидов малце да внесам ведрина. Инаку, да, тоа се се мои пријатели и да, не сум со никого замерен ниту пак имало било каква причина да бидам замерен“, кажа Мицкоски

Неговата несериозност во ситуација кога обвинетите се соочуваат со високи казни затвор во јавноста беше протолкувана како скандал.

„Луѓе во затвор, македонци обвинети за тероризам, нему до вицови му дојде“, „Златни деца за што лежат ? стави го прстот начело и донирај пари за нивните семејства од хидроцентралите што ги продаде“ коментираат граѓаните.

„Ситуацијата од 27 април е за плачење, луѓето лежат во затвори затоа што се вистински патриоти, а Мицкоски се прави вицкаст“ се вели во коментарите.

„Луѓе добија по 18 години, тој да ти бил вицкаст … аууу оди си во Воденица, а вчера лапаше како да не си видел јадење“ се вели во дел од критиките.

„До вицови ли ти дојде ? Луѓето во затвор , а ти вицови си кажуваш “ прашуваат граѓаните

Опишувајќи го настапот како „самоубиство од заседа“, граѓаните коментираат дека го промашил моментот кога да биде вицкаст.

Коментарите одат дотаму што граѓаните го прогласуваат за наследник на Чарли Чаплин.

ВМРО-ДПМНЕ секако преку партискиот рејтинг ќе ја плати цената и на оваа несериозна игра на Мицкоски. Останува дилемата дали овој настап беше уште еден показател на несериозноста на Мицкоски или пак преку вицовите што ги кажуваше се обиде да направи дефокус на вниманието од целиот случај. Од 27 април највеќе загуби ВМРО-ДПМНЕ, а највеќе добија СДСМ и Христијан Мицкоски. После 27-ми април, Мицкоски успеа да се дограби до највисоката партиска функција, а за неговите актуелни најблиски советници веќе беа објавувани информации за инволвираност во случајот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести