12.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА СО МОЌНА ПОРАКА ЗА БОЖИЌ: И по најтемната ноќ има надеж

Во божиќната порака денес, британската кралица Елизабета Втора им оддаде почит на сите за изразената солидарност во текот на годината на пандемијата и рече дека по најтемната ноќ, има надеж за нова зора.

„Секако, ова време од годината ќе донесе тага за многумина, некои ќе жалат за загубата на најблиските, а други ќе бидат одделени од своите пријатели и семејство заради почитување на епидемиолошките мерки, а сите знаеме дека за Божиќ сакаме прегратка или ракување. Ако припаѓате на овие луѓе „Сакам да ти кажам дека не си сам“, рече кралицата во претходно снимената порака што беше емитувана денес. И покрај тешкотиите, додаде таа, пандемијата некако не приближи.

Кралицата (94), која, како и многу други, Божиќ го поминува далеку од своето семејство, рече дека луѓето во Велика Британија и ширум светот величествено се соочиле со предизвиците оваа година и дека е горда и трогната од тој тивок и нескротлив дух. На крајот, таа особено им се заблагодари на младите, сите работници и други добри луѓе кои се борат против предизвиците на пандемијата и одлучно им помагаат на другите.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести