5.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

ИГОР ЏАМБАЗОВ ОТКРИ ШТО ГО ПЛАШИ НАЈВЕЌЕ: “Паѓаше 5 метри и ја снема..”

Кога нашата позната планинарка Илина Арсова се качува по карпи, Игор Џамбазов вели дека не може да ја гледа. Страв му е вели, не за неа, туку за него. Игор и Илина кои се најинтересната двојка за целата јавност, заедно ќе бидат гости во новата 1на1 кај Жаре, во недела од 18: 30 на Канал 5.

Ќе раскажат многу приказни за нивната љубов, а меѓу нив е оваа.

„Кога првпат ме однесе на качување, од Дојран за Демир Капија… Стварно се преубави тие карпите, помеѓу двата тунела. Има таму два паркинга, лево и десно се стази, бележани. Вториот ден ѝ се случи нешто што се случува многу ретко. Паѓаше 5-6 метри од голема висина, и ја немаше три секунди. Тоа го видов, и оттогаш, ги оставам на местото, и си одам покрај Вардар, си седам, си гледам, и пресметувам од прилика колку време им треба да се качат“, изјавил Џамбазов во емисијата. На оваа приказна, Илина се надоврзала дека е нормално за секој планинар да падне и повторно да се врати на стазата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести