20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ОВЕ Е МОМЕНТАЛНАТА СОСТОЈБА ПО ГРАДОВИ НА ЗАРАЗЕНИ ОД КОВИД-19

Во текот на вчерашниот ден од министерството за здравство соопштија дека се регистрирани 592 позитивни лица на коронавирусот и 691 оздравено лицее. За жал битката со КОВИД-19 ја загубија 21 лице.

Најголем дел од новозразените се од Скопје, дури 259, а потоа Кавадарци со 35, Куманово-31, Прилеп-30, Охрид-28, Битола-24, Струга и Гостивар по 21, Тетово-18, Велес-17, Струмица и Неготино по 12.

По изразениот интерес околу обврската за работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, на бремените жени, по 31 декември 2020 година од владата соопштија дека  бремените жени не се враќаат со физичко присуство на работа и по 31 декември.  Тие се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство се до завршување на пандемијата со Ковид 19. Бројките на новозаразени според последните објавени извештаи говорат за приближни бројки на новозаразени и оздравени. Во билтенот вчера беа регистрирани 592 нови случаи, 691 оздравен, во болички услови се лекуваат 613, а во последниот ден починале 21 лице.

– Содржината на мерките е регулирана со членот 13, точка 11 и членот 16 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19, предизвикана од вирусот САРС-КоВ-2, случаите и временскиот период на нивна примена, објавена во Службен весник на 4 ноември 2020 година, велат од Владата.

Во ковид-центрите низ Скопје, според вчерашните податоци на Министерството за здравство, се хоспитализирани 613 лица сомнителни и потврдени со Ковид -19. Од Министерството посочуваат дека има слободни легла на ковид одделенијата. Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Од Министерството за здравство соопштија дека се во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 80407, бројката на оздравени пациенти е 57434, на починати е 2375, а бројот на активни случаи изнесува 20598.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 34687, активни 11679

• Куманово 4577, активни 569

• Дебар 605, активни 129

• Штип 3233, активни 323

• Прилеп 4057, активни 681

• Тетово 4668, активни 942

• Струга 1958, активни 356

• Велес 2669, активни 548

• Битола 2934, активни 649

• Охрид 2295, активни 588

• Кавадарци 1994, активни 578

• Гостивар 3308, активни 624

• Гевгелија 1098, активни 296 (74 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 186 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 2219, активни 629

• Крива Паланка 586, активни 121

• Радовиш 592, активни 125

• Крушево 155, активни 66

• Кочани 1561, активни 257

• Пробиштип 438, активни 51

• Демир Хисар 230, активни 39

• Македонски Брод 209, активни 29

• Пехчево 133, активни 16

• Берово 485, активни 62

• Валандово 291, активни 64

• Виница 435, активни 67

• Делчево 660, активни 216 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 187, активни 20

• Свети Николе 1027, активни 135

• Кичево 1542, активни 265

• Ресен 613, активни 136

• Неготино 961, активни 338 (152 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести