0.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

НЕВЕРОЈАТНО: Чоколада стара 120 години (видео)

Во колекцијата лични работи на австралискиот поет Бенџоа Патерсон е откриена е чоколада стара 120 години. Она што е навистина фасцинантно е што ова чоколадо се уште може да се јаде.

Лимената кутија, во која е пронајдено чоколадото, е дел од пакет којшто војниците го добиле за време на Бурската војна. На изненадување на научниците, тоа е без никакви оштетувања скоро 120 години подоцна.

– Имаше интересен мирис, кога ја отворивме кутијата. Конечно сфативме дека всушност е чоколадо што е завиткано и спакувано”, изјави Џенифер Тод од Националната библиотека на Австралија за ABC.

 Патем, кралицата Викторија наредила ваквите лимени кутии со чоколадо да им се испраќаат на војниците за подобра борба. Направени се 35 тони чоколадо а таа лично платила за нив, додека во кутиите се втиснати зборовите „Јужна Африка 1900. Ви посакувам среќна Нова Година“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести