2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Американскиот претседател Доналд Трамп го одликуваше специјалниот претставник за дијалогот помеѓу Белград и Приштина

Американскиот претседател Доналд Трамп го одликуваше специјалниот претставник за дијалогот помеѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел  со Медал за национална безбедност за, како што се наведува, исклучителен придонес во историскиот договор за економски односи меѓу двете страни.

Во образложението кое го објави Гренел на неговиот профил на Инстаграм, заедно со фотографиите од церемонијата, наведува дека овој договор е значаен чекор кон градење на помирна, безбедна и просперитетна Европа и претставува најзначаен дипломатски чекор кон крајната цел во повеќе од 25 години.

– Придонесот на амбасадорот Гренел за постигнување на овој историски дипломатски напредок во Србија и Косово ќе доведе до посветла иднина за милиони луѓе – се додава во образложението.

Имено, со договорот, Белград и Приштина ги обновија директните воздушни, железнички и патни врски, како и клучните инфраструктурни проекти потребни за олеснување на економскиот раст и навремен транспорт на стоки и луѓе.

Гренел е еден од клучните советници на Трамп и дека тој се истакна како еден од најдобрите американски дипломати и експерти за национална безбедност.

– Неговите придонеси за постигнување мир и просперитет беа револуционерни и тие се заслуга на него и на Соединетите Американски Држави – се додава во текстот.

Гренел изјави дека тоа е голема чест за него, особено затоа што доаѓа од претседателот Трамп, кој, како што истакна, ја користел дипломатијата за воспоставување мир во светот.

– Не започна нови војни, и ги донесе американските војници дома, ја унапреди американската армија – и исто така потпиша мировни договори – забележа Гренел на Инстаграм.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести