6 C
Skopje
сабота, април 17, 2021
spot_img

Есмеров за весникот Вечер: СДСМ прави што сака, дел од функционерите во ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат како „стринки на кафе“

Ако се зголеми нетрпеливоста и недовербата можеме да дојдеме во позиција ВМРО-ДПМНЕ да стане неодржлива партија. Сепак, најголем проблем е губење на идеологијата и вртење кон финансиските придобивки од буџетското финансирање. Вообичаено, ненадминливите разлики се должат на лукративни причини, вели во интервју за весникот ВЕЧЕР, Игор Есмеров, поранешен амбасадор на земјава во Унгарија во периодот 2014-2018 година и поранешен член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, опозицискиот лидер Христијан Мицкоски  не се снашол добро во водењето на партијата, но Есмеров вели дека сепак има високо мислење за него.

Дали во моментов најголемата опозициска партија е коректор на актуелната власт, она што е основна задача на секоја силна опозиција. Води ли Мицкоски правилна политика?

-Во моментов, СДСМ прави што сака и на последните анкети според нивните извори водат пред ВМРО-ДПМНЕ  со 5.4%, а според извори од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ води со 6,4%. Рејтингот на Заев е дупло поголем од рејтингот на Мицкоски. Ова е резултат на политиките на Мицкоски. Дали се правилни тие политики или не, проценете сами. Ваквата непопуларност на ВМРО-ДПМНЕ кај гласачите се должи на понудата која опозицијата им ја дава. Очигледно е дека понудата на идеи е слаба, неатрактивна и непрепознатлива за мнозинството граѓани.

Што можеше поинаку да се направи со оглед на тесниот резултат на последниве избори со само двајца пратеници разлика?

-Во Македонија преовладуваше мислењето дека оној, кој ќе го промени името на државата ќе се збогува со својата политичка кариера. Сведоци бевме дека Заев го реши ова прашање и граѓаните на избори го верификуваа тоа со двајца пратеници повеќе за СДСМ.  Јас неколку пати повторив. Доколку ВМРО покажеше вештина и храбро излезеше на референдумско изјаснување, а притоа им објаснеше на граѓаните дека шансите да победиме се мали, но постојат, сега ВМРО ќе беше препознатливо и немаше да падне под 450.000 гласа.

Прочитајте го целосното интервју ТУКА.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести