Познатиот актер кој го глумеше рускиот Боксер Иван Драго се најде во центарот на вниманието откако ја објави својата веридба.
Чинот немаше да крене толку фама, ако вереницата на Долф Лундгрен кој има 63 години, не беше 38 години помлада од него.
Неговата избраничка Ема Крокдал е фитнес инструкторка, која се грижи да актерот и на оваа возраст изгледа во топ форма, но тоа што многумина му замеруваат дека може да му биде ќерка.

Но не само тоа, туку се шпекулира дека Лундгрен тајно се оженил со убавата Норвежанка, со оглед на тоа што било забележано дека носи прстен на левата рака. Сепак, нема официјална потврда за тоа.
Славниот 63-годишник сподели фотографија на својот Инстаграм во јули оваа година, на која ја гушка оваа млада дама, а таа ја покажува раката со прстенот и срамежливо се насмевнува. „Нешто многу посебно се случи тука во Шведска“.

Затоа на нивните заеднички фотографии редовно може да се прочитаат груби коментари и бројни навреди. “Може да ти биде ќерка, дури и внука”, “Разликата во возраста е преголема. Страшно”, “Вереницата е убава, но сепак е дете”

Неговата објава предизвика бурни реакции – јавноста негодуваше за огромната разлика во возраста, но и фактот дека убавата Ема потсетува на неговата постара ќерка Ајда.

