Џеси Мартинез (37) уби 82-годишен старец со кого ја делел болничката соба откако тој започнал да се моли, соопшти полицијата во Лос Анџелес.
Мартинез потоа посегнал кон боцата за кислород и го удрил старецот кој починал следниот ден.
И двајцата биле лекувани од ковид-19 во болница во градот Ланкастер во јужна Калифорнија, пренесува Би-Би-Си.
„Осомничениот се вознемири кога жртвата започна да се моли“, соопшти полицијата, додавајќи дека Мартинез е обвинет не само за убиство, туку и за злосторство од омраза и злоупотреба на стари лица.
Извор: Канал 5