9.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

ТРАМП ПОМИЛУВА ПОВЕЌЕ ЛИЦА – ЕДНО ИМЕ НА СПИСОКОТ ГИ НАЛУТИ ДЕМОКРАТИТЕ

Американскиот претседател Доналд Трамп помилува 15 лица, вклучително и републиканци кои се сметаат за негови силни поддржувачи, претставници на изборната кампања во 2016 година поврзани со истрага за вмешаност на Русија како и осудени за масакар во Багдад во 2007 година.

Меѓу помилуваните се и поранешниот соработник на Трамп во изборната кампања Џорџ Пападопулос и адвокатот Алекс ван дер Зван. И двајцата издржаа кратки затворски казни.

Трамп помилува и четворица безбедносни работници вклучени во масакрот во Ирак во 2007 година, како и двајца поранешни конгресмени, пренесува ВВС.

Пападопулос во 2017 година призна дека го излажал ФБИ за времето на состанокот со наводните посредници на Русија за време на изборната кампања во 2016 година.

Тој е првиот поранешен соработник на Трамп уапсен во истрагата за наводна руска вмешаност, предводена од специјалниот советник Роберт Милер.

Тој лажно тврдеше дека се сретнал со две лица кои се поврзани со Русија пред да започне да работи за кампањата Трамп, но тој всушност се сретнал со нив откако се вклучил во кампањата.

Пападопулос му се заблагодари на Трамп на Twitter, велејќи дека помилувањето значи многу за него и за неговото семејство.

Ван дер Зван исто така призна дека дал лажна изјава за време на истрагата на Милер.

  • Денешното помилување помага во исправувањето на неправдата нанесена во тимот на Милер од толку многу луѓе, се вели во соопштението на Белата куќа.

Трамп ги помилува и казните за уште пет лица, се очекува тој да помилува повеќе луѓе пред да ја напушти функцијата претседател следниот месец.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести