Додека целата естрада се жали дека нема настапи поради мерките кои се воведени за превенција од КОВИД-19, Северина си најде начин како да го искористи времето и да заработи.
Згодната пејачка започна соработка со хрватска компанија и по тој повод одлучи да ги почасти фановите со неколку разголени фотогрфии.

На Инстаграм профилот на тој бренд се појави видео од пејачката од фотосесијата, каде освен што расфрла подароци, носи капа од Дедо Мраз, позира гола, односно топлес.
Во еден момент, Севe легна на подот, а нејзините асистенти го покрија само експлицитниот дел, нејзините гради, со пакетчиња завиткани со црвени ленти.
