7.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

СТРАШНО: Европа стана првиот регион во светот каде што бројот на смртни случаи од коронавирус надмина 500.000

Европа стана првиот регион во светот каде што бројот на смртни случаи од коронавирус надмина 500.000, во време кога нов вид коронавирус откриен во Велика Британија  им се заканува на граѓаните и да ги осуети мерките за борба против пандемијата, пренесува Ројтерс.

Според записите на британската агенција, Европа објави околу 30% од смртните случаи во светот.

Бројот на смртни случаи од КОВИД-19 на нашиот континент нагло се зголеми во последните месеци.

Од првиот смртен случај во Франција во февруари, поминаа осум месеци пред бројот на смртни случаи во Европа да достигне 250 000, додека за само 60 дена тој се искачи од четвртина милион на 500 000.

Франција, Шпанија, Италија, Велика Британија и Русија објавија стотици илјади смртни случаи, а само тие земји имаат 60 проценти од сите смртни случаи во Европа.

Според статистиката на Ројтерс, во моментов во светот се заразени 77,52 милиони луѓе, а починале 1.710.000 луѓе.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести